| четврток, 6 декември 2018 |

Хју Лори: Не сум шармантен како Доктор Хаус

doctor-houseНе можам да бдам шармантен како што е шармантен ликот кој го глумев – вели славниот актер Хју Лори, познат како доктор Хаус од истоимената серија. Тој додава:

– Медицинскиот гение има шарм каков што јас никогаш нема да можам да го имам. Поради тоа тој многу е поуспешен кај жените од мене. Единствената сличност која ја имам со Хаус е вродениот цинизам, што ми помага да се штитам од злите коментари.

Тој за француското списание „Мадам Фигаро“ изјави дека му годи кога го споредуваат со Клинт Иствуд.

– Клинт го сметам како татко кој ме школувал, заклучи популарниот доктор Хаус.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top