Во 14 часот по локално време, ќе настапат домаќините од театарската компанија „Литмун“, додека во централниот термин од 19 часот ќе настапи НУ Народен театар-Битола. Влезниците од 10 и 15 долари се распродадени, пишува еден од најчитаните е-медиуми во Санта Барбара „Вестмонт“.
Театарската претстава „Хенри Шести“ е кулминација на режисерот Џон Блондел, одисеја која се одвива две години и која од сцената во Санта Барбара, преку културната олимпијада во Лондон и настапот во Битола, се заокружува дома во Калифорнија, пишува во денешен „Вестмонт“.
-Претставата го обработува периодот на граѓанската војна во Англија 1450-1485. Во двете продукции, на „Литмун“ и на театарот од Битола доминира една сликовито подготвена игра, возбуда на движења и професионалност на највисок степен од двете театарски куќи. Иако споделуваат ист ДНК, тие се многу различни како во карактерот, така и во актерскиот настап, музиката и целата таа атмосфера, изјавува режисерот Блондел во пресрет на денешниот како што вели историски ден за театарот во Санта Барбара.
Во претставата „Хенри Шести“ на НУ Народен театар-Битола вечер во Санта Барбара ќе настапат актерите Петар Горко, Соња Михајлова, Борис Чоревски, Иван Јерчиќ, Петар Симовски, Габриела Петрушевска, Огнен Дранговски, Мартин Мирчевски, Никола Пројчевски, Васко Мавровски, Валентина Грамосли, Филип Мирчевски, Кристина Христова Никола, Митко Ивановски-перкусионист и Миодраг Неќак кој како композитор се појавува и на театарската сцена.
Преводот на претставата од англиски на македонски јазик го направи Драги Михајловски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костимографијата на Благој Мицевски, а кореографијата на Рисима Рисимкин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.