| четврток, 6 декември 2018 |

Во пет до дванаесет ќе започне Маршот на толеранција

Во пет до дванаесет пред Владата ќе започне петтиот по ред Марш на толеранција под слоганот „Македонија има љубов за сите – Насилството не почнало и нема да заврши со мене!“.

Настанот е во организација на Хелсиншкиот комитет за човекови права и ЛГБТИ центарот.

Овогодинешниот Марш, кој се организира по повод одбележувањето на Меѓународниот ден на толеранцијата, го посветуваат на правото на живот ослободен од насилство, велат организаторите.

Предвидено е на почетокот на Маршот да има говори на  претставници на граѓанските организации, по што учесниците  прошетаат низ центарот на Скопје, а крајна дестинација е Платото пред стоковната куќа Мост, каде е предвидена културно уметничка програма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top