| четврток, 6 декември 2018 |

Симфониски концерт за деца на Македонската филхармонија

Македонската филхармонија денеска ја почнува серијата симфониски коцерти за деца за концертната сезона 2013/14.

Ќе бидат изведени дела на Волфганг Амадеус Моцарт, Јозеф Хајдн и Лудвиг ван Бетовен.

Оваа година прв пат со оркестарот ќе настапат и млади солисти, кои на нивните врсници ќе се обидат да им ја пренесат љубовта кон музиката.

На концертот како солисти ќе настапат деветгодишната Марија Арсовска на виолина, која ќего изведе Концертот за виолина и оркестар од Жан-Батист Аколај, како и десетгодишната Инес Неделковска, која ќе се претстави со вториот став од Концертот за пијано и оркестар бр. 11 од Хајдн.

Диригент на концертот е Ле Фи Фи, а аниматор е актерот Мартин Јордански. Концертот ќе се одржи во салонот на МОБ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top