| четврток, 6 декември 2018 |

Квантната физика вели: постои вечен живот

robert lanka

Поголемиот број научници сметаат дека животот после смртта не е можен, или пак е невозможно да се докаже. Сепак, еден од нив тврди дека има доказ дека животот е вечен, а одговорот лежи во квантната физика.

Професорот Роберт Ланка тврди дека неговата хипотеза за биоцентризам нуди доказ дека смртта каква што ја познаваме е само илузија која ја создава нашата свест. Ланка, кој предава на универзититетот Вејк Форест во Северна Каролина вели дека луѓето веруваат во смртта затоа што се научени дека „сите мораат да умрат“, односно дека нашата свест го поврзува животот со телото, а знаеме дека телото умира.

 

Но, неговата хипотеза објаснува дека смртта не е така конечна како што се чини.

Биоцентризмот го става животот во центарот на стварноста и смета дека животот го создава универзумот, а не обратно.

Тоа значи дека свеста на некоја личност го одредува обликот и големината на предметите во универзумот. Слично на ова,теоретските физичари сметаат дека постои бесконечен број универзуми со различна варијација на луѓе и ситуација која постои симултано.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top