
Моторџија бил тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вечерва на булеварот Октомвриска револуција во Куманово. До несреќата дошло откако возило марка „голф 6“ се судрило со мототцикл, пренесува Сител.
Возачот на моторот веднаш бил префрлен во болница и според информации од очевидци тој бил во тешка состојба.
На местото веднаш дошле полициски екипи и поради увидот, сообраќајот е во прекин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


