| четврток, 6 декември 2018 |

Невеста избегала од свадба и му ја нарачала на младоженецот „Извади го прстенот од десната рака“

nevesta1-500

Српска невеста се пишманила што се омажила уште на свадбената веселба, залепила 20 евра на музичарите за да ја отсвират „Извади го прстенот од десната рака“ на Шабан Шаулиќ и заминала.

Својата несреќна приказна младоженецот ја раскажал на едно српско радио.

nevesta-500

 

– Ја видов кога ја нарачуваше песната и мислам дека даде и 20 евра. Ги собра подароците и замина. Што да ви кажам, животот оди понатаму, некој вели којзнае зошто тоа е добро. Едноставно ете така е. Не ја побарав потоа, ниту ми треба кога таков удар ми зададе, вели повредениот младоженец.

Тој низ смеа додал дека е во потрага по нова невеста која на свадбата ќе ја врзе за да не побегне како претходната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top