| четврток, 6 декември 2018 |

Балкански бренд за европските и трети пазари

KOMORA_MAKEDONSKO_BUGARSKAСо заеднички проект и со осмислена економска политика Бугарија и Македонија може да го сменат разбирањето на Балканот во Европа како инвестициско-финансиски и безбедносно стабилен регион.

Двете економии ја издржаа и поефикасно се справуваат  со финансиката криза, задржувајќи пораст на БДП и ниска задолженост – оцени бугарската вицепремиерка Даниела Бобева, во раговорите со членови на Македонско-бугарската стопанска комора, пренесе МИА.

Македонија и Бугарија би можеле да промовираат заеднички балкански продукт, особено во сферата на туризмот, прехранбената индустрија и привлекувањето на странскиот, вклучувајќи го и кинескиот капитал.

Таа ја прифати идејата за скорашно организирање оперативни форуми на двете бизнис- заедници под покровителство на премиерите Никола Груевски и Пламен Орешански.

Претставниците на Комората, Темелковски и Пендев, ја потенцираа потребата за побрзо реализирање на модерно и брзо инфраструктурно поврзување. Само со јакнење на меѓусебната доверба и проширување на економските области за соработка на компаниите  во двете земји, беше потенцирано, може да се поттикне многу повисок обем на заемната  трговска размена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top