Двајца измамници смислиле итар план како да заработуваат од поштата во Англија. Тие на интернет се претставувале како продавачи на таблет-компјутери од компанијата „Apple“, кои нивните производи ги испорачувале по препорачана и осигурана пошта. Тие заработувале по 3.000 евра така што во оригинална кутија на „ајпад“ пакувале парче мраз, кое се топело и водата испарувала додека пратката да пристигне до крајниот купувач, а откако тој ќе видел дека кутијата е празна се жалел до поштата, која им исплаќала отштета на испраќачите за „украдениот“ производ. Тие биле фатени кога вработена во поштата во Англија забележала како тече вода од кутијата што сакале да ја испратат, па ја повикала полицијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст