Весникот повикувајќи се на документи од обвинителството за организиран криминал, тврди дека постојат аудио и видео записи за средбата меѓу Дачиќ и Родољуб Радуловиќ, близок соработник на Шариќ.
Во нарко круговите тогашниот министер за внатрешни бил именуван со називот „другар“, а во еден снимен телефонски разговор од 12 јануари 2009 година Шариќ барал од Радуловиќ да му каже на „другарот“ да провери дали се уште полицијата ги обработува. Истиот ден Радуловиќ телефонски разговарал со шефот на кабинетот на министерот, Бранко Лазаревиќ при што побарал да се провери дали полицијата иима нешто за Шариќ и се договориле да се видат. Средбата била реализирана во кабинетот во министерството, пишува Блиц.
На 31 јануари Дачиќ лично се видел со Радуловиќ во елитен белградски ресторан, а за деталите бил телефонски известен Шариќ, кој пак информациите за средбата со „другарот“ ги поделил со негов пријател во Нови Сад.
Според информациите на Блиц, нарко мафијата за министерот и неговиот шеф на кабинет во 2008 година обезбедиле и блекбери телефони кои тешко се следат.
Весникот има информации дека целиот снимен материја од следењето на Дачиќ и членовите на нарко мафијата требало да бидат доставени до правосудните органи, но најверојатно не биле предадени до безбедносно- информативната агенција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.