| четврток, 6 декември 2018 |

Не пријавил 100 илјади евра – банката така го советувала

границаНа граничниот премин „Богородица“ во средата царинските службеници спречиле нелегално внесување 70 илјади евра.

Попладнето на влез во Македонија со патничко моторно возило со бугарски регистарски ознаки, управувано од грчки државјанин заедно со сопругата и ќерка, не пријавиле ништо за царинската контрола. Но, контролата на возилото на задното седиште, во црна чанта, пронајдени се 90 илјади евра.

devizi1-600x450

При службениот разговор за утврдување на потеклото на девизните средства, прекршителот изјавил дека е сопственик на хотел во еден од туристичките центри во Грција и дека поради актуелната економска состојба таму, парите ги носел за да ги депонира во некоја од македонските банки.

Претходниот ден, на 12 ноември 2013 година, тој влегол во Македонија, внесувајќи 100 илјади евра, кои соодветно ги пријавил на царинските службеници. Потоа се упатил во банка каде што ги депонирал парите, при што му била издадена потврда од банката.

82-600x450

Наредниот ден, кога е сторен прекршокот, лицето за истата цел носело 90 илјади евра, но не ги пријавило на царинските службеници затоа што, како рекол, мислел дека потврдата од банка издадена претходниот ден  важи за 5 дена, како што наводно му кажале во банката.

Со ова, во согласност со Законот за девизно работење (што предвидува дека нерезиденти можат слободно да внесат девизни средства и чекови во висина од 10 илјади евра, а секој износ над овој треба да се пријави) сторен е девизен прекршок. Во согласност со Законот на двете лица во автомобилот вратени им се по 10 илјади евра, додека  70 илјади евра привремено се задржани.

93-600x450

Од почетокот на оваа година до сега откриени се 76 случаи на обиди за шверц на девизи, при што привремено се задржани  девизи во вкупна противвредност од околу 1.203.000 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top