| четврток, 6 декември 2018 |

ЕЛЕМ во трка за лиценците на топлификација

Регулаторната комисија за енергетика денеска официјално треба да ги соопшти имињата на компаниите кои се јавиле на огласот за добивање на лиценците на Топлификација за производство, дистрибуција и снабдување со топлинска енергија.

Конечната одлука за тоа кои ќе бидат новите компании во топлификацискиот бизнис ќе биде донесена до крајот на месецов.

Извори од Регулаторната комисија за енергетика потврдија дека државните електрани се јавиле на огласот за добивање лиценца за производство на топлинска енергија. Освен ЕЛЕМ, на огласот на регулаторите се јавила и компанијата Балкан Енерџи Груп која до регулаторите доставила понуда за трите лиценци.

Топлификација која сега испорачува парно греење, неодамна ги врати лиценците со образложение дека компанијата има финансиски проблеми. Во последен момент се предомислија и се јави на јавниот оглас кај регулаторите, но само за лиценцата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top