Јавното претпријатие „Паркинзи – Општина Центар“ ги намали цените на дел од услугите и воведе поволници за користење на паркиралиштата и катната гаража кај Судска палата, соопшти службата за информирање на Општина Центар.
Со одлука на советниците на Општина Центар, наместо 800 денари за паркирање на трети, четврти и на петти кат, сега ќе се наплатува 500 денари, а цената од 1.100 денари за останатите, сега ќе изнесува 800 денари.
Билетот за паркирање во катната гаража за 1 час изнесува 20 денари, а за 300 денари жителите на Центар, наместо 30 часа, со новата одлука ќе добиваат гостинска карта за 90 часа.
Јавното претпријатие ќе воведе и нова надлежност на „Пајак-службата“, односно, доколку побараат граѓани, да може да се креваат возила кои блокираат друго возило.
На паркингот кај „Аутомакедонија“ ќе се наплатува паркирање 24 часа.
– Оваа одлука е предложена и изгласана бидејќи овој паркинг-простор е секојдневно узурпиран од диви продавачи на зелениот пазар, со што станарите немаат каде да се паркираат – вели Саша Богдановиќ, директор на „Паркинзи – Општина Центар“.
Тој најави дека наредната недела ќе разговара со претставници на лицата со посебни потреби на кои ќе им ги претстави поволностите кои за нив се предвидени од јавното претријатие, меѓу кои бесплатно паркирање и задолжително слободно место за лица со такви потреби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст