| четврток, 6 декември 2018 |

Драматична победа на Голден стејт со звукот на сирената

Кошаркарите на Голден стејт вориорс во драматичен натпревар ја совладаа Оклахома со 116-115 со тројката на Андре Игудала постигната со звукот на сирената.

Драмата течеше во последните секунди од мечот откако претходно тројка и водство за гостите постигна Расел Вестбрук.
Најефикасен беше Клеј Томпсон со 27 поени на мечот на кој во последната четвртина Оклахома влезе со негатива од 14 поени.
На вториот дуел Њујорк никс загуби од Хјустон со 106-109 иако маестрална вечер во „Медисон сквер гарден“ имаше  Кармело Ентони со постигнати 45 поени.
httpv://www.youtube.com/watch?v=eA23LWwGVIw

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top