| четврток, 6 декември 2018 |

Колективен договор во хемиската индустрија

Потпишан е колективниот договор за хемиска индустрија со кој се очекува да се надминат законските дупки и проблемите во заштитата при работа

Синдикатот за хемија, неметали и метали при Сојузот на синдикати на Македонија и Организацијата на работодавци го потпишаа колективниот договор, усогласен со последните измени на Законот за работни односи, особено во делот на дискриминацијата и подигнувањето и подобрувањето на позицијата на одредени категории, како жените и младите.

Претседателот на ССМ Живко Митревски вели дека продолжува циклусот за потпишување на колективните договори за да се доуредат меѓусебните права и обврски и да се пополни евентуалната законска празнина.

Од другата страна, Ангел Димитров, претседателот на Организацијата на работодавците, се надева дека со договорот работниците ќе ги добијат очекуваните права.

Во хемиската индустрија најмногу проблеми се јавуваат во делот на заштитата при работа. Синдикатот за хемиска индустрија има 2.500 членови, а немаат евидентирано дека некоја од компаниите постојанно ги крши условите за работа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top