Сакате да го згаснете профилот, ама не можете. Социјалните мрежи се премногу испреплетени со вашите лични и порфесионални информации. И кој сака да суди да биде осуден затоа што нема профил? Мисла за потсмев! Кога и да има измени, секогаш се вели дека сега ќе го изгаснете fb, но не ви успева. Ќе прочитате како fb полека но сигурно си помага себе си и неговиот маркетинг и бизнис партери кон повеќе и повеќе информации за корисниците.
Можеби и ќе ве фати мала нервоза. Но ќе останете на fb засекогаш, посочува Бизнис инсајдер.
- Како ќе запаметите сечиј роденден?
- Не би се вратиле во времето да чекате цел час за да пратите имејл до 30 луѓе со 40 слики!
- Како би ја следеле новата љубов на претходната врска?
- Итно барате некого и како ќе се снајдете без имејл или телефон? Праќаш порака по fb, знаеш дека го пронаоѓаш секого во секое време.
- Твитер допушта само 140 карактери. Што ако ви треба подолга опција?
- Еве, заборавете го fb. 80 милиони се заразени на Фармвил!
- Ви требаат 2 секунди да се регистрирате на било кој портал преку fb конект, за разлика од минимум 10 минути одејќи „пеш“.
- Како ќе дознаете за сите забави и збиднувања, кај се како се, кој се ќе оди?
- Воопшто не ве интересира минатото на fb и на Цукерберг!
- Секако, има прашања за приватноста, но веќе не ви е грижа за тоа. Запаметете кога повторно нема да го користите вистинското име на интернет!
- Никогаш порано не си се откажал. Си спомнуваш на њузфид? Бикон? Ако тогаш не се откажа нема ни сега. И да сакаш нема!
- Како поинаку се одржува контакт со пријателите од студии?
- Што ќе правите во лифт или автобус? Facebook е меѓу најпопуларните апликации за мобилен.
А, кога веќе сте заглавени… Постои и лесен начин да ги запрете пријателите да ве засрамуваат на fb, порачува Бизнис инсајдер на роденденот на fb.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.