Како што веќе најави, парите од СМС сите пораки, независно дали се пред, по терминот или повторени, Македонската радио телевизија ќе ги донира на сметката на музичарот Ацо Богдановски, познат како Ацо Конга.
Според официјалните информации, вкупниот број на пристигнати СМС пораки е 3.260. Од нив 669 се валидни – пристигнати точно во определениот термин за гласање од 10 минути во рамки на директниот пренос од Скопскиот фестивал. Регистрирани се пораки пред и по завршување на терминот за гласање како и огромен број на повторени пораки (од еден телефон гласано е повеќепати).
МРТ ќе ги префрли сите средства од околу 180.500,00 денари, на сметка на Ацо Конга, како и сите оние средства дополнителни коишто ќе стигнат до крајот на месецот, се наведува во соопштението.
Телевизијата изрази благодарност до сите автори, музичари, изведувачи и колегите од другите медиуми кои дадоа свој белег во напорите за повторно заживување на македонската музика и ги пвика сите хумани луѓе да донираат за музичарот на кого овие средства му значат живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


