| четврток, 6 декември 2018 |

МВР: СДСМ врши директни притисоци врз органите на прогонот

mvrНадвор од секаква демократска практика, СДСМ се промовира во единствената политичка партија во Европа која врши директни притисоци врз органите на прогонот, обидувајќи се да ја преземе улогата на полицијата, обвинителството и судот, одредувајќи кој е виновен, а кој не, стои во реакцијата од МВР на изјавата на портпаролот на СДСМ Петре Шилегов.

Социјалдемократскиот сојуз, се подвлекува, продолжува со срамното лицитирање со имиња на осомничени лица и мешање во ингеренциите на државните институции задолжени за борба против криминалот и корупцијата.

Очекувањето на СДСМ да се врши пренос од работењето на Министерството, само докажуваат зошто во минатото никој не гледал доверлив партнер во македонската полиција и не биле создадени ниту основните претпоставки за учество во меѓународни операции во кои партнерите очекуваат професионалност и дискреција, реагира МВР.
МВР изминативе години, се подвлекува, крајно професионално реализираше бројни екстрадиции во кои што функционери на СДСМ дури и пред судовите ги бранеа обвинетите.

Без разлика на нечии политички притисоци, наша обврска пред граѓаните е да постапуваме сериозно и професионално и да ја информираме јавноста за реализираните активности кога за тоа ќе бидат создадени услови, стои во реакцијата од МВР.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top