Тони Робинсон, актерот познат како Болдрик од британска хумористична серија „Црната змија“ , е прогласен за витез како признание за неговиот јавен и политички ангажман.
– Целосно зезнав – е првата негова реакција пред новинарите.
– Заборавив дека на почетокот од церемонијата треба да се поклонам, стоев таму и само гледав во неговото величество и тој гледаше во мене… Тогаш се сетив и клекнав – објаснува 67-годишниот сер Тони Робинсон во Бакингемската палата каде принцот Вилијам го прогласи за витез.
Таму „паднал“ и договор за соработка. Принцот Вилијам му открил дека е голем обожавател на оваа култна серија и го прашал дали ќе има нови продолженија.
– Јас го прашав дали е подготвен да настапи во една од епизодите, а тој како од топ рече да – изјавил новопрогласениот британски витез.
Робинсон е познат и по емисиите посветени на археологијата (Time Team), а има напишано и неколку книги за деца во кои ги поттикнува да ја проучуваат историјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


