
Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија на граѓани, УПОЗ, бара од Владата да се промени работно време за административците, од 7,3 до 15,30 часот. Така би било во време на летните месеци, додека во зима би се работело од 8 до 16 часот. Се дава можност и за трета опција, односно да се определи флексибилно работно време во институциите, зависно од потребите на граѓаните, пишува „Утрински весник“.
Ова барање веќе трета година се доставува на разгледување до Владата откако таа го воведе европското работно време, од 8,30 до 16,30 часот, или за еден час подоцна од порано. Надлежните досега не се изјаснија околу ова прашање, а неизвесно е дека овој пат ќе биде поинаку.
– Уште од почетокот на промената на работното време имаше огромно незадоволство кај вработените, кое сè уште трае. И не само кај тие од државната управа и правосудните органи, туку и кај вработените во приватниот сектор. Од економски аспект, пак, со работно време од 7, 30 до 15,30 часот ќе има заштеди на топлинска и на електрична енергија. И покрај тоа што има согласност од сите заинтересирани страни, Владата не го зема предвид ова. Притоа, негативните последици врз приватниот живот на луѓето не исчезнуваат, ниту се намалуваат. А тие се: недостиг од време за одмор, за дружење со семејството, за основните домашни задачи, за спорт и рекреација и слично. Тоа создава незадоволство, а незадоволен работник е неефикасен во својата работа – вели Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на УПОЗ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
В петок ќе се знае точната бројка на јавната администрација
-
Близу илјада административци од Секретаријат за Рамковниот договор ќе се прераспределат во јавниот сектор
-
Од септември овие државни институции ќе работат во две смени
-
Од први септември: Aдминистрацијата со флексибилно работно време и на смени


