Малку по полноќ женскиот ракометен клуб Вардар објави дека за следната сезона обезбеди екстра-засилувања во српскиот бек Андреа Лекиќ и црногорското крило Јованка Радичевиќ, со што на реалност добива најавата од последниот период, дека „црвено-црните“ за есеноска подготвуваат вистински ракометен бум и тоа во европски рамки.
–Две од најдобрите седум ракометарки во Европа кои беа дел и од Ол стар тимот на ЕП 2012, од следната сезона ќе го носат дресот на ЖРК Вардар СЦБТ. Најдобриот среден бек во Европа, Андреа Лекиќ и најдоброто десно крило, Јованка Радичевиќ, потпишаа договор со нашиот клуб за сезоната 2013/2014, со отворена можност соработката да биде продолжена за уште една сезона. Со овие две врвни ракометарки добиваме екстра квалитетни засилувања и се комплетира мозаикот за европски конкурентен ЖРК Вардар СЦБТ– стои на официјалната клупска страница на Вардар.
Радичевиќ на ЕП во Србија освои злато со Црна Гора, а со 40 голови беше четврти стрелец, додека Лекиќ играше во полуфиналето со Србија и со 33 погодоци беше деветта на листата на најдобри стрелци.
ЖРК Вардар в сабота игра во Краснодар против Кубан во реванш осминафиналето од купот ЕХФ и брани предност од 30-28.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


