Фразата „Љубовта ме грее“ е вистинита, а тоа го докажаа научниците од Универзитетот во Калифорнија. Со користење на магнетна резонанција, нивната студија покажа дека со допирање и со слушање романтични изјави, чувството на задоволство се зголемува, а со тоа се зголемува и активноста во делот на мозокот, која е поврзана со чувствата за физичка топлина.
Покрај љубовта од партнерот, такво чувство се создава и при разговор со драги пријатели или членови на семејството.
Од друга страна, една друга студија во САД покажа дека осамените луѓе се почувствителни на температурните промени, поточно дека ним им е постудено отколку на тие што водат богат социјален живот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


