| четврток, 6 декември 2018 |

Хоџај: Градоначалник на Митровица ќе биде Србин

Во општината Северна Митровица не е можно да биде избран албански градоначалник бидејќи и во случај да биде избран Агим Дева, не мислам дека би бил во можност да управува со општината, изјави министерот за надворешни работи на Косово, Енвер Хоџај.

– Градоначалникот и Oпштината мора да одразуваат состав на секоја општина, етнички и демографски, и милам дека тоа и ќе се случи – истакна Хоџај.

Хоџај додаде дека бил изненаден од погрешниот начин на толкување на кандидатурата на Дева од страна на Дачиќ и првиот потпретседател на српската влада Александар Вучиќ. Косовскиот министер вели дека во Приштина им се благодарни на ЕУ, но и на српското раководство за сето она што е постигнато во Косово во изминатите девет месеци, но смета дека Дачиќ, Вучиќ и Николиќ мора да бидат искрени пред своите граѓани.

– Би требало да им ја кажат вистината, а тоа е дека Србија се движи во процес на прифаќање на суверенитетот на Косово, територијалниот интегритет и постоење како независна држава – нагласи Хоџај.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top