| четврток, 6 декември 2018 |

Фудбалерите од денеска на собир за Данска

Селекторот Јаневски не може да смета на неколкумина повредени и затоа повика 21 играч од кои ќе избере за мундијалските квалификациски дуели со Белгија

Најдобрата македонска фудбалска репрезнетација денеска во Скопје ќе го има првиот собир, а попладне ќе одржи и еден тренинг во пресрет на првиот натпревар во 2013-тата година. За пријателскиот натпревар со Данска в среда на Филип втори селекторот Јаневски повика 21 фудбалер кои ќе бидат основата на тимот, кој во март во два наврати ќе и се спротивстави на водечката во квалификациската група А за Светското првенство во Бразил, Белгија.

Еве го состаавот за контролата со Данска:

Голмани: Богатинов, Пачовски

Одбрана: Тодоровски, Грнчаров, Ристовски, Новески, Марковски, Лазевски, Мојсов

Среден ред: Демири, Стјепановиќ, Тасевски, Ранѓеловиќ, Блажевски, Глигоров

Напад: Тричковски, Пандев, Ивановски, Ибраими, Трајковски, Јаховиќ

Средбата Македонија-Данска е в среда од 19.30.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top