Школката со име Минг, со своите 507 години, прогласена е за најстарото суштество на Земјата, но за жал не проживеала доволно долго за да ја носи таа титула.
Минг ја испратила кралицата Елизабета прва, Англиската граѓанска војна, Индустриската револуција и двете Светски војни. Но, нејзиниот живот бил прекинат пред седум години, кога научниците од Бангур универзитетот го исушиле морското дно близу Исланд, како дел од студијата за временските промени.
Не знаејќи за нејзината долговечност, истражувачите ја отвориле нејзината лушпа за да извршат анализи, така убивајќи ја школката.
Со броењето на прстените кои се видливи во внатрешноста на школката, тие првобитно пресметале дека Минг има 405 години, меѓутоа, научниците сега признаа дека направиле грешка и дека веруваат дека школката е 100 години постара отколку што првобитно се мислело.
Ова значи дека оваа школка, го започнала својот живот во 1499 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.