Избраниците на тренерот Марјан Србиновски уште на почетокот наметнаа силно темпо и првиот период го добија со 26-14, најавувајќи сигурен триумф на овој меч. Во третата четвртина стигнаа и до предност поголема од 20 поени разлика (58:36), но до крајот можеа дури и да ја прокоцкаат.
Во последната четвртина, Кожув одигра очајно, Крајова притисна и намали на „минус пет“ (77:72) на неполни две минути до крајот, а клупата на домаќинот заработи и техничка грешка. Потоа Џамбиќ постигна тројка за 78:76, мечот влезе во последната минута, а Дуфолт двапати беше прецизен од линијата за слободни фрлања. Повторно возврати Џамбиќ, а Караџовски еднаш беше прецизен од слободните фрлања (81:78). На крајот, Кожув славеше со 84:78.
Најефикасен кошаркар во победничкиот тим беше Игор Мијајловиќ со 18 поени, а Миладин Пековиќ беше стрелец на 15 поени. Во тимот на Крајова најмногу се истакнаа Саша Топчов со 16 уфрлени кошеви и Раде Џамбиќ со 15 поени.
Извор: Екипа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.