И покрај масовните протести ширум земјата Албанската влада нема да го повлече ветувањето дадено на своите американски партнери за складирање на сириското хемиско оружје кај западниот сосед.
Во многу градови на Албанија, вклучувајќи ја и Тирана и денеска се протестираше против уништувањето на хемиското оружје во оваа земја. На протестот му се приклучија и познати личности од областа на уметноста и медиумите, интелектуалци, но и граѓани од различна возраст.
Владата информираше дека сè уште не е донесена евентуална одлука за да се дозволи уништување на сириското хемиско оружје, но врз основа на изјавите на некои официјални лица, одлуката најверојатно ќе биде позитивна.
Претседателот на Парламентот, Илир Мета, рече дека ќе биде тешко да се му каже „не“ на американското барање. Во меѓувреме, директорот на Меѓународниот зелен крст, Пол Вокер, во интервју за Ал Џезира изјави дека одлуката е веќе одобрена, а деталите ќе бидат објавени в петок.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опозицијата бара враќање на смртната казна во Албанија
-
Албанија од 1-ви јануари ги затвора спортските обложувалници
-
Албанија и Косово водат референдумска кампања за Македонија во своите земји: Партиите во Албанија повикуваат на максимален ангажман во Македонија
-
Во Италија запленети 20 тони дрога од Албанија