| четврток, 6 декември 2018 |

Сатисфакција за МЗТ, Гечевски МВП на колото

Кавадарчанецот не го спречи поразот на МЗТ Скопје иако имаше перфектен ефект во средбата со Унион Олимпија

Македонскиот репрезенативен центар Тодор Гечевски имаше феноменална парија против Унион Олимпија за што синоќа е прогласен за најкорисен играч на 20.коло во Јадранската кошаркарска лига. Кавадарчанецот во саботата даде 26 поена , најмногу од сите што настапуваа преку викендот, што со 80 насто шут, со 7 скока и по 3 украдени топки и асистенции му донесе 37 индексни поени.

Далеку зад Гечевски се  Вајт Терико од Раднички(К) со 31 и Франко Каштропил од Задар со 29 индексни поени. Потсетуваме МЗТ Скопје го загуби дуелот со Унион Олимпија со 87-76 и со 30 бодови е пласиран на осмото место. Следниот меч за Аеродромци е на 17 февруари кај Цедевита.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top