| четврток, 6 декември 2018 |

Рекордно мал рејтинг на Обама

obama tazenПопуларноста на американскиот претседател Барак Обама падна на рекордно ниско ниво, судејќи според најновата анкета на национално ниво. Според Универзитетот Квинипек, 54 проценти од американските гласачи се незадоволни од учинокот на Обама како претседател, за разлика од 39 проценти кои ја одобруваат неговата работа.  Згора на тоа, 52 проценти сметаат дека Обама не е искрен и дека не може да му се верува.

Ваквите податоци доаѓаат само неколку дена откако Обама јавно се извини затоа што неговата влада не била доволно јасна во врска со деталите на законот за реформа на здравствената заштита, донесен по негова иницијатива, како и за проблемите за пријавување за здравствено осигурување на Интернет-страницата што беше отворена согласно законот.

Обама во анкетата на Квинипек доби позитивна оценка за справувањето со тероризмот, но и неколку негативни – за надворешната политика, имиграцијата и федералниот буџет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top