| четврток, 6 декември 2018 |

Чарлс од утре е пензионер

Принцот Чарлс утре полни 65 роденден, што во неговата држава е старосна граница за пензионирање. Но, тој допрва се подготвува за британскиот престол, превземајќи се повеќе службени должности од својата мајка, кралицата Елизабета II.

Директниот престолонаследник во моментот е во Индија, а на пат ќе го прослави својот 65-ти роденден, по што за прв пат ќе ја замени својата мајка на самит на Комонвелтот, кој во петок започнува во Шри Ланка.

Рекордерот по бројот години поминати во чекалната за престол, Чарлс во мај и помогна на својата мајка во редовното обраќање во парламентот. Порастот на службени овластувања што ги превзема од кралицата се поклопи со растот на неговата популарност, која беше на ниско ниво по разводот од принцезата Дајана и откривањето на неговата вонбрачна врска со Камила, како и по трагичната смрт на „народната принцеза“ Дајана.

Шеснаесет години подоцна, престолонаследникот кој неодамна стана дедо, може да биде задоволен бидејќи Британците конечно ја прифатија неговата втора сопруга.

Патот до освојувањето на јавноста беше долг. Тој сега е подобар и тоа се леда. Откако се ожени со Камила, посреќен е “, истакнува Пени Јуниор, една од биографите на Чарлс.

Народот го ценеше и неговиот впечатлив говор при одбележувањето на дијамантскиот јубилеј на кралицата во јуни 2012 година, кога и се обрати со зборовите „Ваше Височество, мама“.

Од утре британскиот престолонаследник остварува право на пензија за годините минати во Кралската морнарица, а сумата од пензијата вети дека ќе ја уплатува во организација за помош на старите лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top