-Во 2009-та година ми ја дадовте довербата. Тоа беше чест, но и одговорност. Имав конкретна програма. На изборите во 2013-та настапувам со програма за подобрување на функционирањето.Реализирав повеќе од 500 проекти кои ги ветив, работев согласно на концептот чесно и домаќински, ветено и сработено- рече Трајановски пред големиот број поддржувачи на денешната промоција за нова кандидатура.
Трајановски вели дека пред граѓаните стои со крената глава, гордо, заради реализираните проекти и остварените ветувања.Низ огромниот број спроведени проекти, Трајановски ги издвојува најважните:
-Низа булевари, реконструкции на бројни улици и коловози, изградба на кружни текови, затворање на црните точки во градот, ролерско-велосипедска патека на кејот на Вардар, фекални и атмосферски канализации, мост на Вардар од Ѓорче до Сарај, мост на Серава, обновени фасади во Центар, нови 1500 паркинг места, 312 нови автобуси на ЈСП, нови возила за подигање на сметот, поделени канти за смет, опрема за противпожарната бригада, низа реконструирани училишта, бесплатен превоз за пензионерите и средношколците, отворен Центар за бездомници, вложување во културната понуда, грижа за кината, враќање на сјајот на Старата Скопска чаршија, вратена гордоста на ФК Вардар, создавање на клима за инвестиции и друго- наброи градоначалникот.
Трајановски истакна дека верува во своите проекти и истите ги остварува иако на почетокот кај одредени луѓе има скептицизам. По завршување на проектите, граѓаните му се обраќале на Трајановски лично, да ги пофалат проектите кои се за нивно добро.
-Скопје ќе продолжи да се развива, ќе стане град со кој цела Македонија ќе се гордее. Зад Скопје има уште многу капитални дела во мојата нова програма, програма работена заедно со граѓаните на Скопје. Мојата целна група се сите жители на Скопје, сакам сите да бидат задоволни од градот- истакна Трајановски.
Тој рече дека ќе продолжи да ги промовира вредностите на владејачката партија како семејство и мултиетнички живот.
-Ја барам вашата доверба за подземна сообраќајница, за нов Луна парк, за нов ски-центар на Водно, за продолжување на Партизанска, за нов водовод во Шуто Оризари и Ченто, за нови фекални колектори, за дела во сите општини. Нема да застанам во идејата за Скопје да стане поубаво место за живеење, ја барам вашата доверба со овој мал дел од мојата програма, за победа уште во првиот круг- заклучи Трајановски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов ќе го продава Мерцедесот – бил стар и небезбеден
-
Шилегов чека слика до Коце за на ѕид, Трајановски вели дека во градот има сто фотографии од него
-
Коневски: Победа за Коце Трајановски и листата – за да ги реализираме сите проекти за подобри услови во Аеродром
-
Трајановски и Мисајловски на средба со граѓаните и пазарџиите на пазарот во Ѓорче Петров (ФОТО ГАЛЕРИЈА)


