| четврток, 6 декември 2018 |

Сензационален транфер на релација Барса – Реал

Фудбалскиот менаџер со лиценца од Меѓународната организација (ФИФА) Франсоа Галардо, одговорно тврди дека идната недела би можело да дојде до сензационален трансфер.

– Идната недела играч на Барселона ќе им биде понуден на Реал Мадрид. Се работи за играч, кој според мене е најдобриот на светот, а причината е поради незадоволството со неговиот статус во тимот – рече Галардо за магазинот „Пунто Пелото“.

Со оглед дека никој не сака да открие за кого се работи, тешко е и да се погодува. Помеѓу споменатите тимови постои големо ривалсто и просто е неверојатно да се замисли еден играч од Барселона да премине во Реал.

„Пунто Пелото“ смета дека станува збор за Виктор Валдез кој на крајот на сезоната дефинитивно го напушта клубот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top