| четврток, 6 декември 2018 |

Куманово повторно со победа во БИБЛ

Попладнево, пред својата публика екипата на Куманово славеше победа во дуелот со тимот на Пеќ од Косово, совладувајќи го со 93:85 , по четвртини 18:19, 20:17, 19:13 и 27:26

 

kumanovo-500

 

Најефикасен на натпреварот беше Иван Мишковиќ со 24 постигнати поени за Куманово во чии редови уште четворица кошаркари постигнаа двоцифрен број на поени.

Во рамките од 4.коло на БИБЛ лигата денеска се одигра и натпреварот меѓу Левски  и Теодо во кој домаќините славеа победа со 91:85.

Утре вториот македонски претставник во ова натпреварување, екипата на Кожув утре во Гевгелија од 17 часот и 30 минути ќе го започне својот натпревар против романската екипа Крајова.

Табела: Левски 2-2 (победи-порази), Сигал 2-1, Кожув 2-1, Крајова 2-1, Куманово 2-1, Галил Гилбоа 2-0, Балкан 1-2, Теодо 1-3, и Пеќ 0-3.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top