| четврток, 6 декември 2018 |

Деби од соништата на Балотели во Милан

Новата ѕвезда на Сан Сиро даде два гола за триумф на росонерите против Удинезе со 2-1

Марио Балотели ги даде двата гола за Милан во првиот натпревар по пристигнувањето на Сан Сиро. Црвено црните во последниот меч од 23. коло во Калчото вечерва го победија Удинезе со 2-1 и тоа на многу контоверзен натпревар. Имено погодокот за нови три бода со кои Милан се изедначува со Интер со по 40 бодови, на четвртото место, е постигнат по сомнителен пенал што судијата Давиде Маса го досуди по падот на Ел Шарави во шеснаесетникот на екипата од Удине и тоа во 93.минута. Потоа довчерашниот играч на Манчестер Сити ја презеде одговорноста и “ладнокрвно” реализираше.

Предходно Балотели кој во Милано се врати по 1001 ден од заминувањето од Интер, му донесе водство на својот нов клуб во 25 минута, а Пинци изедначи во 55минута.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top