| четврток, 6 декември 2018 |

Скандалот се проширува: министерот кој вети истрага за разголената советничка ја препорачал на академија?

1vanja500

Разголената советничка во Министерството за надворешни работи на Србија запишала дипломатска академија која и е билет за брз влез во дипломатијата, на препорака на министер од српската влада, пишува српски Блиц.

Како што пишува весникот, кандидатите за академијата можат да добијат препорака само од министерот од чиј ресор доаѓаат, а Вања Хаџовиќ била во министерството кое го води Иван Мркиќ- истиот оној министер кој изјави дека нема поим за случајот, но вети дека ќе се истражи како оваа атрактивна бринета била вработена како помлад советник.

Освен истрагата за начинот на кој е вработена, министерот ветил и дека ќе провери дали советничката се подготвува за служба во странство.

Како што дознава весникот, разголената советничка не можела да биде вработена во министерството без потпис на министерот. 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top