| четврток, 6 декември 2018 |

Амди Бајрам во турскиот парламент

amdi-bajram

Кенан Хасипи, претседател на Пратеничката група на Собранието на Република Македонија за соработка со Парламентот на Република Турција, заедно со Амди Бајрам, Бехиџудин Шехаби, Газменд Алији и Ердоган Сарач, се во возвратна посета на Република Турција од 11 до 15 ноември 2013 година.

Во рамките на посетата, делегацијата присуствувала и на дел од пленарна седница на Големото национално собрание на Република Турција, како и на координативната средба на пратеничката група на Партијата за правда и развој (АКП) со премиерот Реџеп Тајип Ердоган.

Посетата е на покана од Хусеин Бурге, претседател на Турско-македонската меѓупарламентарна група за пријателство на турскиот парламент.

Делегацијата се сретнала со Џемил Чичек, претседател на Големото национално собрание на Република Турција, како и со турскиот вицепремиер Бекир Боздаг и со Хусеин Бурге.

На средбите се разговарало за можностите за унапредување на билатералните односи меѓу Република Македонија и Република Турција на политички план, во поглед на евроинтеграциите, но и во полињата на економијата, културата, образованието и туризмот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top