
Едно лице загина во сообраќајна несреќа што попладнево се случи кај кружниот тек кај болницата во Прилеп. Според првичните информации животот го загубил Звонко Т. роден 1956 година.
Од СВР Битола информираат дека сообраќајната несреќа се случила по 15 часот.
– Возачот на полото З.Т. се судрил со возилото џип хјундаи управувано од возачот С.Т.(1981). Полото сообраќало од улицата 11 Октомври. До судирот дошло кај кружниот ток кај болницата – вели Магдалена Димитровска, портпарол на СВР Битола.
З.Т. од здобиените повреди починал на самото место. Има индикации дека претходно имал здравствен проблем додека возел. Истрагата ќе ја покаже причината за несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Тажно сведоштво: Поранешен пожарникар ги откри последните зборови на принцезата Дајана (галерија)
-
Тешка сообраќајка на патот кон Блаце (видео)
-
Потпретседателот на Парламентот на Србија, Ѓорѓе Миличевиќ во операциона сала, ова е смачканиот автомобил
-
Застрелан млад велосипедист на Алпите, мислеле дека е дивеч


