| четврток, 6 декември 2018 |

Уште една талентирана Македонка вечерва во „Икс фактор“

Во вечерашната епизода последниот настап е резервиран за Македонката од Богданци, Марија Ичкова.

15-годишната Марија учи гимназија во Богданци и обожува да игра кошарка. Има свој бенд со кој настапува по локалите во Богданци и во Гевгелија. Талентотот за пеење го наследила од татко ѝ Ристо Ичков, кој е ветеринар по професија.

Другарите ја натерале да се пријави на „Икс фактор“, а Богданчани се воодушевени од нејзините настапи.

И жирито ќе биде импресионирано. Емина за неа вели дека пее како да има 25 години.

– За твоите 15 години, колку што ги имаш, ти си навистина талент – рече Емина.

Покрај Маринела Џогани, во вечерашната епизода ќе ја видиме и ќерката на Луис, Маја. Ќерката на трагично погинатиот пејач Луис, се пријавила на ова пејачко натпреварување за да ѝ се претстави самостојно на публиката затоа што досега била во сенка на таткото и братот.

– Мојот татко секогаш патуваше и многу ми недостасуваше. Се плашев да тргнам самостојно во тој правец и не сакав моето семејство и мојот приватен живот заради тоа да трпат. Но, сега сѐ е поинаку. Подготвена сум и имам апсолутна поддршка од мојата фамилија – искрено вели Маја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top