| четврток, 6 декември 2018 |

Ракометарките на Металург подобри, но елиминирани

Подобрата игра на ЖРК Металург донесе поподнослив пораз (32-24), но тоа секако значи елиминација од КПК

Женскиот ракометен првак на нашава земја Металург денеска беше далеку подобар во вториот дуел со германски Туринген, но одново загуби со 32-24, по што е елиминиран од натпреварите во Купот на куп победниците. Тимот од Автокоманда вчера беше декласиран со 29-11, а кога денеска го загуби и првото полувреме со 15-10 конечно прикажа нешто подобра игра и одигра едно егал полувреме. Тоа секако не беше доволно за четвртфинале бидејќи вкупниот резултат од двомечот одигран викендов во Германија  (61-35), не остави никаква дилема околу просперитетот на Турниген.

Македонскиот женски ракомет во Европските купови сега остана со ЖРК Вардар кој в сабота во настан од ЕХФ купот оди кај Кубан Краснодар со предност од 30-28 и Куманово кое во Челинџ купот следниот викенд има два натпревара со босанскиот Зрински.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top