По кратко боледување, во неделата почина српскиот актер Драгомир Чумиќ. Популарниот актер е роден во Сирач на 8 мај 1937 година. Глума дипломирал на Факултетот за драмски уметности во Белград, а кариерата ја почна со улога во филмот „Сон” од 1966 година на Пуриш Ѓорѓевиќ, кому му бил омилен актер.
Меѓу улогите по кои ќе биде запаметен е таа во филмот „Радио ветер ја повикува Агелија” од 1979 година, „Лаење по ѕвездите” и „Кога ќе пораснам ќе бидам кенгур”. Се појавил и во ТВ-сериите „Шапката на професорот Коста Вујовиќ”, „Воена академија”, „Белиот брод” и други
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.