| четврток, 6 декември 2018 |

Зоки Фаци: Ја направив позната, целта е постигната

- Тој Зоки од “Фаци“ ми го уништи животот. Рани куче да те лае! Тој ми вика дека ме направил славна да бидам, а заборава кога го честев ручеци по кафеани, кога го носев во шопинг. Тој заработува на мене, емисијата со мене му е најгледана - вака манекенката Катерина Стојановска во интервју за магазинот „Свет“ го нападна Зоран Василевски.

Токму во емисијата „Фаци“ на водителот Зоран Василевски беше кажана веќе легендарната изјава на Катерина дека комуницира со Мерилин Монро и дека ќе снима филм со Џејмс Дин и Марлон Брандо. Иако подоцна во целото интервју за емисијата таа открива дека се работи за порноактери со имиња на холивудските легенди, манекенката остана гневна што станала славна на таков начин.

Василевски, пак, за „Република“ вели дека Катерина е таа што сакала да биде позната и целта е постигната, но не се сеќава дека некогаш го одвела на ручек, уште помалку на шопинг.

– Не сум сигурен дека се тоа нејзини зборови, можеби некој друг замешал прсти. Јас секогаш ги почитувам сите изјави и мислења. Катерина мора да признае дека никогаш не сум ја нарекол глупава, напротив, сметам дека е многу интелигентна. Сепак, повеќе не е важно кој што ќе каже, Катерина ја знае цела Македонија. Целта е постигната – вели Зоки за „Република“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top