| четврток, 6 декември 2018 |

Во Сирија 13 случаи на детска парализа, вирусот се шири на Блискиот Исток

Светската здравствена организација (СЗО), која соопшти за 13 случаи на детска парализа кај деца во Североисточна Сирија, потврдува дека заразата дошла од Пакистан.

Според организацијата, тринаесет случаи на див тип на вирусот на детска парализа (PVS1) се потврдени во Сирија. Генетската анализа покажува врски со вирус, пронајден во примероци од животната средина во Египет во декември 2012 година, од истото семејство како дивиот полиовирус, кој е забележан во Пакистан.
Освен тоа, вируси од истото семејство се забележани во отпадни води во Израел, на Западниот Брег и во Појасот Газа од февруари 2013 година досега.

СЗО и УНЕСКО соопштија дека е во тек масовна кампања за вакцинација во Сирија и во шест други земји на Блискиот Исток, која има за цел да опфати 20 милиони деца. Во Сирија, каде што немало избувнување детска парализа од 1999 година, кампањата за вакцинација ќе опфати 1,6 милион деца.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top