Со голема роденденска торта и со Мина на сцената – вака почна хуманитарниот концерт, кој Весна Петрушевска – Бејби го организираше за помош на своите родители. Токму на деветтиот роденден на нејзината ќеркичка, целата естрада се собра во Универзалната сала, со цел да се соберат барем дел од средствата за изградба на нов дом, на местото на опожарената куќа на Петрушевски.
Кристина Арнаудова, Бени, „Нокаут“, Тијана Дапчевиќ, Биба Додева, Каролина, ДНК, Тамара, браќата Тавитијан, Елена Ристеска, беа само дел од познатите македонски музичари, кои на овој начин ја дадоа својата поддршка. На сцената настапија и Сашко Коцев и стендап-комичарот Никола Тодороски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.








