| четврток, 6 декември 2018 |

Фифи: Не се плашам од Жељко Јоксимовиќ

- Јас сум стрејт жена и сакам мажи – вака Филип Јаневски Фифи му одговори на Жељко Јоксимовиќ, кој остана збунет од изгледот и настапот на македонскиот претставник. Срспскиот музичар беше единствениот од жирито кој гласаше Фифи да не продолжи понатаму со натпреварување во „Икс фактор“.

– Во животот научив разумно да прифаќам каква било крититка, бидејќи секој човек има право на свое мислење. Јас не можам да променам нечиј став, како што ни другите не можат да го променат мојот. Бев подготвена на секаква реакција – изјави Фифи за српски „Ало“.

Фифи во моментот сѐ уште е во Белград, и ова е првата изјава после првата аудиција за српски медиум.

– Јас не се плашам од ништо. Не се плашам ниту од Жељко Јоксимовиќ. Сум имала непријатни ситуации уште како мала, но секогаш сум знаела како да се соочам со тоа. На почетокот на мојата кариера никој не обрнуваше внимание на моето пеење, сите ме гледаа само како трансродна личност, а многу малку како пејачка – открива Фифи.

– Пеам откако знам за себе. Пеењето е моја најголема страст во животот. Сум учествувала на разни фестивали и манифестации во Македонија и имам снимено неколку песни и спотови – завршува Фифи.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top