Од почетокот на годинава до крајот на октомври биле регистрирани 245 самоубиства на војници во војската на САД. Тоа претставува пад од 22 проценти во однос на 2012 година кога имало регистрирано 316 самоубиства, покажуваат податоците од Пентагон.
Воени лица предупредуваат дека имало поголем број самоубиства од крајот на борбените операции во Ирак отколку на бојното поле, наведува „Асошиејтед прес“. Според статистиката на АП, лани во Авганистан загинале 295 американски војници, што значи повеќе извршиле самоубиства отколку што загинале во борби на бојното поле.
Американската војска, пак, сѐ уште официјално тврди дека не знае која е причината за војниците да си ги одземаат животите.
Најмногу самоубиства има кај припадниците во морнарицата, 28 проценти, во военото воздухопловство (21 процент) и кај маринците (11 проценти).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст