Информативната агенција БГНЕС го објави досието на премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, според кое тој бил соработник на тајните служби – објави Кирилица.
Бугарската информативна агенцијата БГНЕС го објави нецензурираното досие од текстот кој е закачен на сајтот Бивол. БГНЕС исто така ги објави и факсимилите на документите кои го поврзуваат Борисов со тајните служби.
На 9 декември 1996 година Г. Бојко Борисов е регистриран во оперативниот отчет како информатор (соработник на службите). Мотивот за врбувањето на Борисов е дека контактира со “оперативно интересни лица”. Според водечкиот офицер кандидатот Борисов имал квалитети и перспективи за регистрација по горе наведените категории како соработник. Во жаргонот на службите ова означува дека Борисов дал согласност да биде агент-информатор, и заведен е со картонче, а во архивите се чуваат документи кои се потпишани од оперативнен работник.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.