
Цариниците во куќа во Бутел откриле куќа, која била магацин за облека од италијанско потекло, која во малопродажба би можела да има голема вредност.
– Не можеме да најдеме веќе големи случаи на заплена на фалсификувана или непријавена стока, туку, пред сѐ, имаме случаи на ситно. Тоа е многу потешко да се открие и треба многу повеќе контроли – истакна Ванчо Каргов.
Деновиве, додаде тој, повторно имаме и акции за спречување користење црвена нафта во возила.
– Во неколкудневната акција задржани се еден автобус и две патнички возила кои користеле црвена нафта – рече Каргов.
Запленетата стока, појасни тој, која не е расиплива ќе ѝ се предаде на Агенцијата за управување со конфискуван имот, која е надлежна да ги чува до конечноста на постапката. Потоа во зависност од донесената одлука може да биде вратена или да бидат продадени или отстапени на одреден државен орган без надомест. Храната, која исто така е во надлежност на Агенцијата, веднаш мора да биде продадена или предадена на одредени органи. Девизните средства, пак, се депонираат во Народната банка на Република Македонија и се држат во депо до крајот на постапката. Доколку бидат одземени денарската противвредност НБРМ ја исплатува во корист на Буџетот на Република Македонија, а во спротивно се враќаат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


