| четврток, 6 декември 2018 |

Каналот за Кинезите- светилник за Европа

Идејата за изградба на Дунав-Морава-Вардар-Солун е 100 годишна, а интересите на Србија, Македонија и Грција, земјата низ кои ќе минува - се јасни

1640482118510e3a17ed8f4496107576_640x480
Две соседни земји не покажуваат посебен интерес за проектот кој беше оживеан од страна на српската влада, туку како заинтересирана страна се појавија Кина, пишува Б92.

Кои се интересите на оваа голема земја, територија далеку од балканскиот регион да учествува  во овој собир со гигантскиот проект?

Пред се’ може да стане збор за економските интереси, затоа што со учеството на Кина  во проектот, таа ќе внесе свои големи фирми во регионот, како и луѓе. Кинезите сакаат да ги продадат своите производи на територијата на Европа и на својот најголем пазар – Европската унија.

Дека најголем интерес во изградбата на проектот имаат кинеските компании, рече Жу Лијенш, советник на кинеската амбасада за економијата.

-Овој проект ќе биде голема економска можност за нашите компании, и над се’ на „Чајна груп корпорејшн”, која работеше на најголемата брана во Кина „Три клисури “, рече Жу во вестите.

Тој истакна дека српската влада и кинеската влада се уште не влегле во специфичен договор за изградба на Моравската канали:

Министерот Бачевиќ, рече дека овој канал е стогодишен српски сон, а Кина има многукратен интерес за овој проект.

-Ним им е важно дека нивната стока преку овој воден систем може многу полесно и поевтино да стигне  до Централна и Западна Европа. Една голема држава, која има толку многу пари и која сака да вложува во големи проекти, нема да ја пропушти оваа шанса. Прашање е дали таа можност, под уште поповолни услови и може да ја понуди и некој друг. За тоа допрва ќе треба да се зборува- вели Бачевиќ.

– Оној кој ќе биде дел од каналот на Морава во Србија, без огледа на сопственичкиот договор, тој ќе биде геополитички и геостратешки присутен во Европа- изјави српскиот министер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top