Фудбалерите на Ночерина на гостувањето против Салернитана му нанесоа нов срам на италијанскиот фудбал. Стартот на натпреварот каснеше 40 минути, поради тоа што гостите се плашеле да излезат од автобусот по заканите кои ги добиле од сопствените навивачи. По убедување со официјалните лица, тие сепак се појавиле на теренот што се покажа како многу лоша одлука.
Тренерот на Ночерина во втората минута ги искористи трите измени, а во следните 15 минути пет играчи лежеа на тревата по што мораше да бидат изнесени на носилки. Поради тоа што Ночерина остана со шест фудбалери на теренот, судијата согласно со правилата го прекина натпреварот.
Целиот борд на директори експресно си поднесе оставка, фудбалерите одбиваат да дадат било каква изјава, но она што е сигурно е дека сега уште побесните навивачи ќе пробаат физички да се пресметаат со играчите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.