Македонскиот кошаркарски репрезетативец Војдан Стојановски кој игра за тимот на Алба Берлин го декласираше германскиот шампион Баерн со високи 20 поени разлика (94-74). Војдан помина на паркетот нешто повеќе од 20 минути и беше најзабележителен со 21 поен (4/8 за два поени, 3/3 за три поени, 4/4 од линијата за слободни фрлања) додаде еден скок и една асистенција. Рапсоложени за игра беа и неговите соиграчи Клифорд Хемондс со 20 и Реџи Ридинг со 17 коша.
Кај поразениот тим од Минхен се истакнаа Малколм Делани со 19 и Нихад Џедовиќ 14 поени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



